Премиерот Никола Груевски не дава оценка за тоа што се разговарало на средбата на Али Ахмети со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, бидејќи, како вели, се уште немал средба со претседателот на ДУИ.
– Генерално можам да кажам дека секој еден што чувствува дека на кој било начин може да придонесе и да помогне, неговите активности се добредојдени се додека тие се добронамерни, изјави Груевски.
За неговите очекувања по упатеното писмо до еврокомесарот Штефан Филе за извештајот за Македонија, тој нагласи дека нема што да додаде, но чувствува оти како претседател на Владата треба и формално гледано да го извести за она што се случи.
– Секако дека тој беше известен и од разни други канали, но мислев дека не е лошо и јас да го направам тоа, рече премиерот Груевски.
По однос на извештајот на ЕК, потенцира дека Македонија прави се што е во нејзина моќ тој да биде што е можно попозитивен, но крајниот збор, подвлече Груевски, ќе го има Комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Ахмети: Денко Малески е прифатлив консензуален кандидат за претседател
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер


