Полицијата му поднела кривична пријава, а истражен судија му одредил притвор во траење од 30 дена.
Дваесетгодишник од Подградец, Република Албанија, доби кривична пријава поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело кражба на фотоапарат и на лаптоп од канцелариите на Охридско лето. Истражен судија му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
Според податоците на СВР-Охрид, пријавениот во два наврата провалил во просториите на Охридско лето, од каде што зел фотоапарат „никон“ и еден лаптоп со дополнителна компјутерска опрема, како и неколку стика. Двете кражби пријавениот Д.Р. ги извршил во канцеларијата на програмскиот сектор на фестивалот Охридско лето, користејќи згодна можност – канцелариска врата била оставена отклучена.
Полицијата пронашла дел од украдените предмети во собата во која бил сместен албанскиот државјанин. Лаптопот го продал за 2.000 денари.
Албанскиот државјанин илегално ја преминал македонско-албанската државна граница со плен од 1.200 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“