| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши конзервацијата на црквата „Св. Богородица Заумска“ во Трпејца

Завршија годинешните активности за конзервација и реставрација на фрескоживописот од најстарата зачувана црква од 14 век, „Св. Богородица Заумска“ во с. Трпејца, Охридско.

Конзерваторските зафати за санација на овој извонредно значаен фрескоживопис, кој е дел од проектот на Министерството за култура, а во рамките на Програмата за заштита на културното наследство,  продолжуваат во 2014 година.

Zaum 040699 13

Пред неколку години на црквата, која претставува едно од најзначајните поединечно заштитени споменички добра на територијата на РМ и пошироко, беа преземени интервенции за конзервација на покривот и покривната конструкција, а по извршените анализи на стручните екипи на охридскиот Завод и музеј се пристапи кон конзервација на нејзиниот фрескоживопис со оглед на присуството на влаги соли, особено во деловите под куполата.

Овој извонредно значаен споменик на културата, црквата „Св. Богородица Заумска“, се наоѓа на источниот брег од Охридско Езеро, во непосредна близина на селото Трпејца. Според зачуваниот натпис, црквата е подигната и насликана во 1361 година од ќесарот Гргур за време на деволскиот епископ Григорие. Најновите истражувања покажуваат дека потекнува од тринаесттиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top