Со помош на летачките трактори, авионите од единицата на Дирекцијата за управување со кризи, во доцните попладневни часови е локализиран пожарот во општина Чашка, информираше градоначалникот Горанчо Пановски.
Тој изрази благодарност до екипите на Дирекцијата и посебно на директорот Шабан Салиу, кој и овој пат, како и повеќе пати досега во изминатите четири години, веднаш одговори со испраќање на двата воздухоплова, со што им помогна на локалните противпожарни екипи од Чашка. Пановски истакна дека на првата молба за помош беа активирани двата авиона кои реагираа во непристапните пределли над Горно Врановци. Со брзата реакција е оневозможено да се прошири огнената стихија во правец на селото и да биде предизвикана поголема штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.