| четврток, 6 декември 2018 |

Токио ќе одвои половина милијарда евра за Фукушима

Стопирањето на истекувањата на радиоактивната вода од Фукушима, што подразбира замрзнување на земјата под електраната, ќе ја чини Јапионија 470 милиони евра. Во меѓувреме радиоактивната вода се слева во Тихиот океан

-Владата мора да го реши проблемот со тоа што ќе застане на чело. Проблемот веќе не може да се решава стихијски, туку ќе се изготви план како да го сопреме истекувањето на загадената вода. Владата ќе стори се и ќе вложи пари, посочуваат од Токио.

Над илјада тони радиоактивна вода е складирано во Фукушима, а со неа се разладуваат реакторите кои почнаа да се топат кога се оштети системот во цунамито во 2011.

Но, се откри дека водата истекува вон танкерите, а дел од радиоактивната течност се излеа и во Тихиот океан.

ПОкрај тоа природниот тек на подземните води под реакторот исто така се слеваат во океанот, пто е дополнителен проблем.

Се смета дека 300 тони ниско радиоактивни подземни води секојдневно се влеваат во океанот. Со новиот владин план научниците ќе ја замрзнат земјата околу и под реакторот со што ќе создадат непробоен ѕид и подземните води ќе најдат нова патека, подалеку од реакторот. Тоа е можно ако се сместат цевки во земја во кои ќе се стави специјална течност за замрзнување. Целиот процес би траел околу две години.

До сега не е забележан ниеден смртен случај како последица на истекувањето на радиоактивни честички од Фукушима, но евакуирани и раселени се десетици илјади луѓе од пошироката околина на Фукушима.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top