Недоволни финансии и суровина, отуство на препознатлива марка и препознатлив производ и слаб маркетиншки пристап се најголемите ограничувачки фактори за силен развој на конзервната индустрија, пишува „Е-магазин“. Оваа извозноориентирана индустриска гранка користи само 45 проценти од производствените капацитети.
Македонските конзервни производи се карактеризираат со ниска цена и со мала додадена вредност, а иако од година во година растат и побарувачката и извозот и на странските и на домашниот пазар, нивната непрепознатливост останува главниот ограничувачки фактор.
Според извештајот на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП), договорното производство е иднината на македонското земјоделство и во таа насока треба да се движат и земјоделците и преравотувачките на зеленчук и на овошје за да не се случува хиперпродукција, која на крајот завршува на селските депонии.
Меѓутоа, анализите на асоцијацијата покажуваат дека сѐ уште ретко се применува договорно производство како ефикасен механизам за регулација на побарувачката и на понудата на суровини за индустријата, се додава во подолгата анализа на Е-магазин.мк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.