Швајцарскиот тенисер Роже Федерер продолжува со слабите игри на АТП-турнирите во вториот дел сезонава.
Тој ноќеска во четвртото коло од Отвореното првенство на САД беше поразен од Томи Робредо (Шпанија) со убедливи 3:0 – по сетови 7:6(3), 6:3 и 6:4.
Поразот од Робредо за Федерер значи неучество во ниту едно финале на гран-слем за првпат по 2002 година. Од 2003 година до 2012 година Швајцарецот играл барем на еден завршен меч од четирите големи турнири.
На другите мечеви од оваа фаза на ОП на САД се постигнати следниве резултати:
Јанко Типсаревиќ (Србија) – Давид Федерер (Шпанија) 1:3,
Ришар Гаске (Франција) – Милош Раониќ (Канада) 3:2,
Филип Колшраибер (Германија) – Рафаел Надал (Шпанија) 1:3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.