| четврток, 6 декември 2018 |

Паѓа рејтингот на Дејвид Камерон

David-Cameron

Неуспехот на британскиот премиер Дејвид Камерон да добие парламентарна поддршка за воена операција во Сирија се одрази на неговиот рејтинг.

Според анкетите, 59 проценти од испитаниците изјавиле дека Камерон избрзал кога побарал да се гласа во Парламентот без да знае дали има поддршка од пратениците.

Истражувањата покажуваат и дека опозициската Лабуристичка партија ја зголемила предноста во однос на Конзервативната партија на премиерот од четири на десет поени по неуспехот на Камерон во Парламентот.

Резултатите од анкетите покажуваат дека Британците не сакаат земјата да учествува во воена операција врз Сирија, како и дека премиерот Камерон не се соочил добро со ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top