Полицијата и армијата во земјата губат премногу луѓе во битките – смета командантот на НАТО во Авганистан Џозеф Дунфорд. Американскиот генерал во интервју за „Гардијан“ вели дека на авганистанските безбедносни сили може да им се потребни уште пет години западна обука и поддршка пред да можат да преземат целосна одговорност за безбедноста во земјата.
Американскиот претседател Барак Обама вети дека до крајот на 2014 година Авганистанците ќе преземат целосна одговорност за својата безбедност, но дека одреден број војници на НАТО ќе останат во Авганистан и ќе ги обучуваат авганистанските сили. Дунфорд сугерира дека помош од вакви војници може да се бара до 2018 година. Тој, исто така, рече дека во исполнувањето на таа улога за помош, НАТО може да има обврска да обезбеди и борбена поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток