| четврток, 6 декември 2018 |

Чуприна раскина со близнакот од Некст Тајм и влета во нова авантура

cuprina i stefanСтефан од Некст Тајм и Драгана Чуприна раскинаа! Двојката, која постојано беше мета на чаршијата и многупати лажно разделувана, дефинитивно и стави точка на неколкугодишната романса, пишува Вечер.

Според весникот се шушка дека Драгана веќе го преболела пејачот и наводно веќе извесно време е во врска со друго момче. Пејачот и водителката и манекенка иако веќе немаат контакт тоа вешто го криеја од јавноста, но Стефан неодамна фатен во тесно, свесен дека ќе се дознае дека бившата веќе му нашла замена, сам се “истрча” и се понуди да го прашаме – Што има ново кај него?!

Од сесијата за Пелистерка

Од сесијата за Пелистерка

-“Зарем нема да ме прашаш што има ново кај мене? Ете ќе ти кажам, немам повеќе девојка, но не ти откривам други детали”, се “пофали” кусо и ни спушти слушалка, пишува Вечер.

Како и да е тој никогаш нема да остане сам, барем не судејќи по големиот број обожавателки, но дали некоја ќе успее физички да го привлече и емотивно да го исполни ќе почекаме, додека не и најде замена на тетовката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top