
Отстранет е техничкиот проблем на бензинската станица „Охрид 1″, соопши компанијата Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје. Оттаму информираат дека во врска со техничкиот проблем на бензинската станица во Охрид, на 30 август годинава, станува збор за изолиран случај од техничка природа, којшто веднаш е отстранет и бензинската станица работи во вообичаен режим.
-Проблемот што се појави, настана како резултат на пропаѓање на земјата од зазеленетата површина на бензинската станица, што доведе до напукнување на технолошка цевка од резервоарот до автоматот за точење гориво што доведе до вшмукување на подземни води. Брендираното гориво „ЕКТО на Лукоил“ не дозволува смешување на водата со горивото и веднаш ги дели овие две фракции. Ова овозможи веднаш да биде утврден и отстранет техничкиот проблем на бензинската станица – пишува о соопштението од Компанијата.
Тие посочуваат дека компанијата веднаш ги презела сите неопходни активности за сервисирање и отстранување на настанатите проблеми на сите единаесет корисници – патнички возила, кои во моментот на појавување на дефектот наполниле бензин на нивната станица во Охрид. Се појавија тврдења дека бензинот бил измешан со вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


