| четврток, 6 декември 2018 |

Братот на загрозениот сведок: Судијата никогаш не ми побарал никакви пари

kezo-sudenje vtoro rocisteСашо Арсовски, брат на загрозениот сведок Златко Арсовски во случајот „Ореше“ за кој е обвинет новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски денеска на продолжението на судското рочиште сведочеше дека тој своерачно ја потпишал кривичната пријава за обвинетите во „Ликвидација“, но тоа го направил под присила на полицијата, објави „Нова Македонија“.

-Ми рекоа дека сум му дал пари на судијата Иле Танев како мито за да го пуштат брат ми а тоа нема врска со вистината. Судијата никогаш не ми побарал никакви пари, сведочеше денеска во Основниот суд Скопје 1 Сашо Арсовски, брат на загрозениот сведок Златко Арсовски во случајот „Ореше“ за кој е обвинет новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски.

На прашање на обвинителството дали кривичната пријава ја потпишал своерачно, а претходно ја прочитал нејзината содржина, Арсовски призна дека ја потпишал пријавата, но под присила на инспектори од полицијата.

– Ми велеа да сме направеле притисок затоа што судијата не работел добро и дека тие ќе му помогнат на брат ми, а јас да им помогнам нив. Јас ја потпишав пријавата во која пишуваше се што ми рече полицијата и се она што го договаравме да го кажам со инспекторите по локалните кафулиња. Ми кажуваа што да речам, како да го кажам тоа и кого да опфатам со пријавата – сведочеше Арсовски.

На продолжението на судењето на осумтемина обвинети во „Ликвидација“ покрај Арсовски, најголемо внимание привлече сведочењето на раководителката на кривичниот оддел на писарницата во Основниот суд во Велес Соња Бунтевска која призна дека пред да се оформи судски предмет за случајот „Ликвидација“ неколку пати била повикана во јавното обвинителство во Скопје без при тоа да се сети што ја прашувале таму, пренесе Нова Македонија.мк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top