Песната „Хаотика“ (Chaotica) на хрватскиот бенд Бамби Молестерс се најде на плеј-листата на една од најгледаните серии во светот во моментов „Брејкинг бед“ (Breaking Bad). Басистката Лада Фурлан Заборац е задоволна, сите комплименти ги насочи кон издавачката куќа Денсинг Беар, но и „на оној кој бил задолжен за музика во серијата“.
-Особено што се работи за албум стар 10 години, што говори за неговиот траен квалитет, пренесуваат хрватските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


