Глумецот Стивен Мајкл Кезеда, кој во популарната серија го глумеше ликот на агентот Гомез, на својата страница на „Фејсбук“ објави писмо од познатиот глумец Ентони Хопкинс.
Хопкинс му пратил порака на глумецот Брајан Кренстон и го пофалил, но не само него, туку целата екипа, сценаристи, режисери и сите глумци.
Еве дел од писмото:
– Само што завршив со маратонското гледање на серијата, од прва до последна епизода, кое траеше две недели.
Никогаш не сум гледал нешто како ова. Брилијантно! Твојата изведба на Волтер Вајт е најдобрата глума што некогаш сум ја видел.
Почна како црна комедија, продолжи во лавиринт од уништување, крв и пекол.
Вашата работа е спектакуларна. Колку траеше снимањето? Пет или шест години? Дисциплината што сте ја задржале е неверојатна.
Ако ви се пружи шанса, пренесете ја мојата пофалба до сите глумци- стои во писмото на Ентони Хопкинс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.