| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно оштетено возило во Грција

vozilo grcija3Македонската гранична полиција евидентираше нов случај на оштетување на возило на македонски државјанин кој престојувал во Грција. Со овој новорегистриран случај, досега се регистрирани вкупно 61 оштетување на возила и одземања на регистарски ознаки. Од пријавените оштетувања од страна на македонските државјани, 40 се кражби на регистарски таблички, од кои во 28 случаи на возилата им биле украдени обете таблички. Во однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега порасна на 21 случај.

Од сите случаи, 36 биле пријавени и на грчката полиција ,но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top