Стопанската комора предупредува на ризик – факторите што го ограничуваат економскиот раст, намалената странска и домашна побарувачка, кредитирањето и неизвесното опкружување. Според нив, доволно е да се види структурата на БДП па да се разбере дека за одржлив раст и нови вработувања не се потребни ад – хок мерки, туку реиндустријализација, процес кој ќе ги натера компаниите да произведуваат тоа што го бараат купувачите со воведување на нови технологии, обезбедување на енергенси и соодветна работна сила-вели Стојмирка Тасева од СКМ
Во Македонија во моментов нема отворен дијалог за новиот концепт за индустриски развој. Во освојувањето нови пазари постојат само индивидуални напори.
ЕУ планира до 2020 година 23 отсто од БДП да биде креиран од индустријата. Во нивната стратегија стои дека е неопходно олабавување на правните рамки и намалување на регулаторните оптоварувања за малите и средни прептријатија како и олеснет пристап до финансиски средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Раст на бројот на работници во индустријата
-
Индустријата тоне, растот на БДП од 3,2% за 2018 година останува пуста желба на Владата
-
Миноски: Стопирањето на изградбата на инфраструктурните проекти доведоа до пад на економската активност
-
Индустриските производи со пониски цени на месечно, со повисоки на годишно ниво


