
Малата Александра Бошњаковска, која нејзиниот дедо, ексврховниот судија Александар Бошњаковски и неговиот син, ја кријат од сопствената мајка, денеска не се појавила на училиште. Иако дедото и таткото ветувале дека малата Александра ќе го продолжи образованието, нејзината мајка Татјана Бошњаковска вели дека Александра денеска не се појавила на училиште. Таа чекала во ред пред училиштето „Димитар Миладинов“ со надеж дека денеска, по две години и два месеци,л повторно ќе ја види својата ќерка објави Сител.
Шест годишната Алксандра останува заложник во лавиринтот кој го создадоа институциите. Не може да го добие ниту задолжителното образование. Законот предвидува и парична и кривична одговорност, но против кого министерството за образование да ја поднесе пријавата. Со судска пресуда Татјана е стрателот на Александра, но деојчето не е во нејзини раце. Пред да поднесе нова пријава министерот за образование ќе чека да заврши спроведувањето на судската одлука. Тврди дека нема да дозволат малата Алаксандар да остане без образование.
На 12 септември во Скопскиот кривичен суд Александар Бошњаковски и неговиот син Стефан ќе седнат на обвинителна клупа за незаконско одземање дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


