Српската снаа и познат модел Адриана Лима одлучила да разговара со своите ќерки само на англиски јазик. Таа не сака нејзините девојчиња да имаат проблеми на училиште, поради лош англиски јазик.
Познатата двојка, триесет и пет годишниот Марко Јариќ и четири години помладата Адријана Лима неодамна добија уште едно девојче Сиена. Нивни блиски пријатели за медиумите изјавиле дека двојката има проблеми со постарата ќерка, Валентина, која наскоро ќе полни три години и зборува три јазика: англиски, шпански и српски.
На почетокот на сите им било интересно додека го слушале зборувањето на малата Валентина и мешањето на сите три јазици, но сега родителите почнале да се плашат дека ова може да и направи проблеми на училиште бидејќи нема да зборува јасно англиски јазик.
Кога Марко и Адриана сфатиле дека ова е проблем, модел одлучи дека од сега па натаму со Валентина ќе зборува само на англиски јазик. Кога таа ќе биде подготвена да учи српски и португалски тоа ќе го направи со помош на нејзините родители.
Инаку, моделот сака да роди уште едно дете, со што би ја исполнила нејзината, како и желбата на својот сопруг да добијат син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


