| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец најден во вир од крв

noz krv

40-годишниот Ж.Г., од селото Брвеница вчера вечерта бил забележан како облеан во крв лежи пред кафеана на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово.

Откако случаен минувач пријавил во полиција дека маж облеан во крв лежи среде улица, Ж.Г. бил пренесен во тетовската болница, а потоа во скопскиот Клинички центар. Ж.Г. имал тешки телесни повреди, рана на левата рака, нанесена со остар предмет.

Неофицијално, тетовецот бил во кафеанта со уште едно лице, со кое седел на терасата. Им се доближиле две непознати лица и меѓу нив настанала расправија, а потоа и тепачка.

Полицијата извршила увид на местото каде што лежел тетовецот и се работи на расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top