Канадската новинарка сега открива што сѐ преживеала во Сомалија откако била киднапирана со партнерот, австралискиот фотограф. Во 2008 година заминале во Сомалија кога имала 24 години, а го натерала и дечкото да оде со неа. По три дена се киднапирани, заедно со сомалискиот новинар Мохамед Елми, но него по неколку месеци го пуштиле. Странските новинари биле држени 15 месеци, а преживеаното е опишано во нејзините мемоари кои ќе бидат објавени следната недела, објавува „Дејли мејл“. Тие биле киднапирани откако го посетиле бегалскиот камп. Терористите чекајќи ги бараните 3 милиони долари за откуп, цело време ги мачеле и изгладнувале. Аманда раскажува како систематски била силувана од група мажи. Стравувале за животот, а за да не ги убијат, ја смениле верата во ислам.
По 100 дена заробеништво, киднаперите ја однеле жената во пустина, каде што и се заканувале дека ќе ја убијат. Морала да ѝ се јави на мајка ѝ за да ѝ побара милион долари за да ѝ го спаси животот. Потоа се обиделе и да побегнат, но набрзо биле наново „уловени“.
Ослободени се во 2009 година по 460 дена заробеништво откако семејствата ги собрале парите за откуп. Двајцата ја прекинале нивната врска по случајот, а денеска не ни разговараат.
Аманда неколку години низ американските училишта го пренесува искуството, додавајќи ја и важноста на простувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.