И по 70 години од Втората светска војна, сѐ уште има судења против воени злосторници од страната на нацистичките војски.Во германскиот град Хаген денес почнува судењето на 92-годишниот поранешен член на нацистичкиот борбен одред ВАФЕН СС, Сирт Брејнс, под обвинение дека во 1944 години погубил припадник на холандскиот отпор.
Брејнс доброволно се пријавил во силите на СС откако нацистите во 1941 година ја окупирале Холандија, во осумдесеттите години од минатиот век служел затворска казна во Германија за убиство на двајца холандски Евреи во текот на Втората светска војна.
Сега на Брејнс ќе му се суди за убиство на холандскиот член на отпорот, Алдерт Клас Дејкем, откако со својот соучесник, кој сега е покоен, измислил приказна дека нивниот затвореник Дејкем се обидел да избега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


