| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас во Битолско: Неподвижна жена со денови го гледала починатиот сопруг не можејќи да бара помош

policija_soobrakajka

45-годишниот Насто Л. од битолското село Ношпал вчера бил пронајден мртов во семејната куќа.

Телото на битолчанецот било пронајдено вчера околу 13.30 часот, во фаза на распаѓање. Тој во куќата живеел со неговата сопруга, која е целосно неподвижна и не можела да побара помош.

Агонијата, која со денови ја преживувала сопругата на Насто, била стравотна. Таа седела до мртвото тело на нејзиниот сопруг, но не можела да побара помош од никого.

Телото на битолчанецот е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top