Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски е објавен во Португалија во рамки на едицијата „Светски автори“ на издавачката куќа „Алфахуара-обжектива“ од Лисабон, а во превод на Мигуел Ромеира.
– Предизвик е да се прочита романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“, исто како што, сигурно, било предизвик да се напише – пишува познатиот португалски проследувач на актуелните книжевни процеси Жоао Сеу е Силва, во дневниот весник „Диарио де Нотисиас“.
Жоао Сеу е Силва, осврнувајќи се на споредбите кои критичарите во светот ги прават меѓу романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ со делата на Жозе Сарамаго, пишува дека тоа претставува потврда за авторот, но и обврска во однос на неговите следни романи.
– Гоце Смилевски има напишано потресен роман, исполнет со рефлексии за природата на лудилото, како и за смислата на постоењето, подвлекува критичарот Жозе Рико Диреитино во угледниот дневен весник „Публико“, што излегува во Лисабон.
За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“, Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската унија, а минатата година Наградата за медитеранска култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)


