| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски ја однесе Aнастасија на првиот училиштен час

Премиерот Никола Груевски ја испрати својата постара ќерка Анастасија во училиште. Шестгодишната Анастасија, заедно со тато Никола и со мама Боркица денеска влезе во основното училиште „Димитар Миладинов“ во Скопје. Гордите родители ѝ посакаа на својата ќерка успешен старт во образованието.

Премиерот заедно со сопругата и со ќерката ја следеше претставата за добредојде на првачињата.

Фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top