| четврток, 6 декември 2018 |

Конзум се сели на лондонската берза

konzum-portanova-logo-600x399Хрватскиот трговски синџир „Конзум“, дел од концернот „Агрокор“, одлучи да ги повлече акциите од Загрепската берза. На сите акционери што не се согласуваат со тоа, ќе им биде исплатен надоместок. „Конзум“ се обврза дека цената нема да биде помала од 148 куни (19,56 евра) за акција, јавуваат хрватските медиуми. Инвестициската јавност смета дека „Конзум“ по спојувањето со словенечки „Меркатор“ во синџирот „Adria Retail“ и истиснувањето на малите акционери, ќе се излиста на некоја посилна странска берза, како Лондонската или Њујоршката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top