Времето во претпладневните часови ќе биде облачно со повремени врнежи во западните делови од земјата. Утринската температура се движи од 7 Целзиусови степени во Берово до 18 во Скопје, а во Прилеп утрово врне.
Во текот на денот облачноста ќе се зголемува во западниот дел од земјата, каде што се очекуваат и локални врнежи. Попладнево се очекува разведрување, сончево и потопло време.
Денешната максимална температура ќе биде слична на вчерашната: Скопје 30, Тетово 29, Гостивар 28, Свети Николе 29, Куманово 30, Виница 28, Штип 30, Берово 26, Демир Капија и Гевгелија 32, Битола 25, Прилеп 24, Охрид 25, Претор 24, Крушево 21, Дебар 25, Маврово 20…
И утре нѐ очекува стабилно и сончево време, но и ветровито, со северен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.