| четврток, 6 декември 2018 |

Дебата за балканските војни – и тогаш и сега решаваат големите сили

debata balkanski vojni

Институтот за политички и интеркултурни студии подржан од МЦМС организираше дебата 100-години од балканските војни – Историска можност за трајно помирување помеѓу народите.

Панелистите – гостите од Македонија и од соседството Србија, Косово, Албанија едногласни дека денешните состојби со оние пред еден век се сосема поразлични, а таквата реалност треба што поскоро да биде прифатена од ентитетите на Балканот.

Проблемите на малите народи секогаш биле решавани од големите сили.

И денеска, велат дел од говорниците малите држави за да решат дел од наметнатите прашања, треба на своја страна да ги имаат симпатиите на САД и ЕУ.

На Балканските војни сите различно гледаат – Србија, Грција и Бугарија, како ослободители од Османлиите, а Македонците и Албанците како војни за територија. Историјата треба да се остави во минатото, а народите на Балканот треба да работата на взаемна толеранција. Никој нема право да му наметне – некому како да го викаат, рече гостинот од Косово, Азем Власи.

Односите меѓу Македонците и Албанците не треба бидат искористувани од македонскиот и албанскиот политички корпус за националистички популизам, заклучија дел од гостите на денешната дебата.

Во видеото погледнете го извештајот на Веска Велкова со изјавите на Теута Арифи, Стојан Андов, Владо Поповски, Азем Власи, Душан Јаниќ од денешната дебата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top