Граничниот премин Капштица, на албанско-грчката граница кај Корча, денеска неколку часа не функционираше поради протест на членовите на неонацисктичката грчка партија Златна зора, јави МИА.
Тие се собрале на грчка страна од преминот на ненајавен протест. Првиот човек на албанскиот премин Илбер Зибери потврди дека преминот бил блокиран и оти не им се дозволувало на Албанците да се вратат во Грција по годишните одмори минати во матичната земја.
Големи полициски сили ја набљудувале ситуацијата од двете страни на границата, за да спречат евентуален инцидент.
Засега не е позната причината зошто Златна зора протестираат на овој премин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


