До 20 септември камен темелникот за изградба на црквата „Свети Димитрија“ во струшко Октиси ќе биде поставен, вели отец Зоран Попоски, за А1Он. Тоа што некој кажува дека градежната дозвола која е со важност до 30 септември нема да биде проблем, ние не веруваме во тоа. На Октиси ќе му се случи народ, вели Отец Зоран.
-Јас мислам дека ќе се случи народ. Охрид и охридско , Струга и струшко ќе се кренат. Следниот пат кога ќе се одлучиме да го поставуваме камен темелникот јас ви гарантира дека таму ќе дојдат и 10.000 православни верници.Тоа што како обврска си го имаме поставено и јас како парохиски свештеник не отстапуваме ни мунута дека до последниот термин ќе го поставиме. Штета е што поставување на камен темелникот и градбата на овој храм е земен како повод за раздор. Јас на неколку пати на жителите им реков дека не правиме канализација, септичка јама, правиме нешто што ќе ја разубави средината, вели Отец Зоран.
Отец Зоран вели дека самото име на селото означувало осум цркви, односно Октиси-осум цркви.
-Можат ли сега и името да го сменат да не бидат Октишани или Октиси што значи осум цркви во превод на македонски јазик.Причина за сето ова што се случува доагаѓа од надвор, од надворешни фактори и не доаѓа од Исламската верска заедница, го пренесува Отец Зоран А1он.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив


