Три години затвор доби Индиецот кој заедно со уште четворица мажи лани ја силувал и малтретирал до смрт 23 -годишна студентка. Според одбраната судот не ја потврдил вината во сите точки од обвинениото, а самата пресуда предизвика револт.
Силувачот лани имал 17 години, а на полнолетните извршители им се закнува смртна казна. Пресудата се очекува да биде изречена следните денови. Еден од осомничените во март беше пронајден обесен во затворската ќелија, а истрагата за околностите сеуште е во тек.
Пресудата против најмладиот осомничен за силувањето на младата Индијка четирипати беше одлагана. Минатата недела Уставниот суд пресече да му се суди како на малолетник.
Силувањето на 23-годишната девојка која почина во болница две недели потоа од здобиените повреди, предизвика интерес во цел свет, а во Индија масовни протести против растечкото насилство против жените.
Демонстрантите бараа најстроги казни за извршителите на ова злодело, вклучувајќи го и најмладиот, 17-годишен обвинет од групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


