Брачен пар од гостиварското село Долна Бањица синоќа остана без пари и предмети во вредност од речиси 15.000 евра.
Според СВР Тетово, меѓу 22 до 23.40 часот, две лица маскирани со „фантомки“ и вооружени со автоматска пушка и нож, влегле во домот на А.А. (69) во Долна Бањица. За кусо време ги совладале А.А. и неговата сопруга Н.А. (66), по што ги врзале со кожен ремен и марами. Почнале да ја пребаруваат куќата и одзеле 13 илјади евра, 300 американски долари, еден лап-топ, мобилен телефон и десетина парчиња златен накит.
Домаќинот по некое време успеал да се ослободи и го повикал соседот на помош, а тој ја повикал полицијата.
Екипа на СВР Тетово изврши увид на местото на разбојништвото и презема мерки за негово расветлување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Се испотепаа ученици во Македонија
-
Пробен попис во четири општини во 2019: Жителите нема да се изјаснуваат за етничката и верска припадност
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил