| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) меѓу ЕУ и Србија

Beograd_parliament_IMG_9257Денеска во сила влегува Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) меѓу Европската унија и Србија. Со тоа ќе бидат формирани тела кои ќе го надгледуваат спроведувањето на Спогодбата, а во кои претставници ќе имаат Србија и ЕУ – Совет за стабилизација и асоцијација,  Одбор за стабилизација и асоцијација, како и Парламентарен одбор за стабилизација и асоцијација. Со ССА престанува примената на Преодниот трговски договор со ЕУ.
Европскиот комесар за проширување Штефан Филе синоќа на Белград му го честиташе стапување во сила ССА и нагласи дека Србија со тоа е на „чекор поблизу до ЕУ“. Тој оцени дека ССА ќе и овозможи на Србија да ги достигне европските стандарди во различни области, што претставува камен-темелник на нејзиниот пат кон ЕУ. Филе наведе дека во 11 месеци од примената на Преодната трговска спогодба, извозот на Србија во земјите на ЕУ е зголемен за 4,8 отсто, додека суфицитот во трговијата со земјоделски производи со ЕУ од 2009 година пораснал за два ипол пати, и сега изнесува 500 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top