Бидејќи САД се закануваат со напад на Сирија, Израел верниот сојузник на Вашингтон стравува од одмазда од Дамаск. израелските официјални лица настојуваат да се дистанцираат од затегнатоста на линијата Сирија-Запад и сметаат дека се мали шансите Сирија навистина да го нападне Израел.
Меѓутоа Израел се подготвува, така што мобилизитрани се воени резервисти, а на граѓаните им се делат гас-маски. Противракетниот систем е поставен на север, кон границата со Сирија, а војската денеска соопшти дека заштитата од ракети е проширена и на областа на Телавив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.