| четврток, 6 декември 2018 |

Поради ова мажите не можат да ги држат закопчани панталоните

Иако многу од мажите за своето неверство ќе пронајдат оправдување во еволуцијата и перспективата дека мажите имаат потреба да го „шират“ семето, постојат уште неколку причини поради кои бараат љубов и страст со друга.

Поради можноста
Ако мажот верува дека може да оди со друга привлечна жена во кревет и за тоа никој да не дознае, тоа се вика прилика.

Различност
Можеби едноставно има силно изразен сексуален нагон и сака да проба нешто поинакво.

Освета
Можеби сте направиле нешто што го повредило и сега сака да ви врати со иста мера.

Поради изгледот
Некоја жена го треснала од земја со изгледот и привлечноста. Почувстувал хемија и сигурно ќе направи се да заврши во кревет со таква девојка.

Поради фантазија

Можеби отсекогаш сонувал дека ќе има жежок секс со случајна минувачка, а му се укажала шанса во хотелот во кој престојува на службено патување.

Бегство од врската
Можеби сакал да ве напушти, а немал доволно храброст да признае. Новата љубов му е воедно и причина да замине.

Поради емотивна поврзаност
Можеби сте се оддалечиле и повеќе не чувствува дека се поврзани. И на мажите им е потребна блискост, нежност и емоции. Можеби мислат дека таа друга личност подобро ќе ги разбере.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top