| четврток, 6 декември 2018 |

Оснивачките на групата „Фемен“ избегаа од Украина

Трите оснивачки на групата „Фемен“ познати по тоа што демонстрираа голи до половина, објавија дека избегале во странство поради страв од прогон бидејќи полицијата во нивната канцеларија во Киев пронашла оружје.

Александра Шевченко, Ана Гуцол и Јана Жданова побегнаа од Украина во страв за своите животи и слобода“, пишува во соопштението објавена на сајтот на „Фемен“.
364496_femen-oleksandra-shevchenko-oksana-shachko-and-yana-zhdanova-who-have-been-abducted-afp_ff

Трите активистки своите активности ќе ги продолжат во Европа, порачуваат од групата. Тие донесле ваква одлука затоа што во петокот биле повикани на информативен разговор во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top