| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје отворен ѕид за јавно изразување на тема: Слобода е …

 На улицата Македонија во Скопје денеска се отвори првиот ѕид за јавно изразување, на тема „Слобода е…“, на кој случајните минувачи ќе можат да напишат што за нив претставува слобода, јавува „Алфа телевизија“.

Ѕидот, како  дел од кампањата „Слободен си,изрази се!“, промовира поддршка и поттикнување на слободата на изразување и креативно користење на јавниот простор.

Слични инсталации, во текот на септември 2013, ќе бидат поставени и во Старата скопска чаршија, на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во центарот на Тетово и на „Широк сокак“ во Битола.

Инсталацијата е инспирирана од младата американска уметница Кенди Ченг, авторка на проектот „Before I Die“, што се реализира во голем број светски метрополи.

Настанот се организира во рамките на проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум.

Младите активисти, вклучени во проектот, преку есеи, мултимедијални содржини, како видео, аудио, фотографија и графички дизајн, и кампањи ги промовираат основните демократски вредности во заедниците во кои што живеат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top