| четврток, 6 декември 2018 |

Путин го потсети Обама дека добил Нобелова награда за мир и бара од САД докази за Сирија

Путин пред новинарите во Владивостокот го повикал Вашингтон да покаже и докаже дека постоел хемиски напад, а американскиот претседател Обама, како добитник на Нобелова награда за мир, да размисли за идните жртви во Сирија пред да употреби сила.

Путин изјавил дека ќе биде навистина жалосно доколку САД започнат воена акција против Сирија.

“Американскиот претседател Обама, кој е добитник на Нобелова награда за мир, мора да размисли за потенцијалните жртви при евентуален напад врз Сирија”, изјавил Путин.

Нагласил дека САД треба да ги покаже доказите за употреба на хемиско оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top