-Вклучен е алармот во секторот за борба со тероризам во грчката полиција, по информациите до кои стигнале, дека во текот на септември се подготвува терористички напад, а на мета е личност поврзана со економијата – пишува весникот „Та неа“, пренесува Канал5.
Дополнителен факт што предизвикува загрижување е посетата на претставниците на Тројката во периодот за кога се споменува дека е планиран нападот.
-Веќе се зајакнуваат и одново се планираат безбедносните мерки во деловите каде што ќе се движат претставниците на Тројката, но и грчките фактори во економскиот сектор – пишува саботното издание на Та неа, повикувајќи се на свои информации.
Стравот кој постои во грчката полиција, доаѓа од двете најголеми терористички организации кои стојат зад низа напади во Грција. Почетокот на летниот период го означи бомбата во автомобилот на директорката на атинскиот затвор Коридалос, а потоа следеа и други напади, меѓу кои и пратка со бомба до поранешниот командант на секторот за антитероризам. Тогаш, за среќа полицијата ја откри бомбата уште на самиот почеток на нејзиното „патување“ и беше спречен поголем инцидент.
И последните 2 големи грабежи во Грција дополнително ја загрижуваат полицијата, бидејќи според Та неа, можеби се случиле (како што беше пракса во минатото) за економски да се зајакнат терористите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција