| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Струмица понуди локација на холандскиот инвеститор

zaev pred vlada 2-Општина Струмица на инвеститорот му понуди локација со комплетна комунална инфраструктура – атмосферска и фекална канализација, електрична мрежа, асфалтиран пат со пристап за влез и излез до и од локацијата, мост, водоснабдителен систем со вода за пиење и техничка вода, современи тротоари околу локацијата и соодветно улично осветлување. Како аргумент со кој локалната самоуправа настапи пред инвеститорот беше и близината на локацијата до градот, на само 100 метри оддалеченост, со што се избегнуваат трошоци за транспорт на вработените. Општина Струмица ја организираше целата постапка околу донесувањето на ДУП за урбан блок бр. 9 и нејзиното комплетно финансирање, решавањето на имотно-правните односи и исплата по извршената експропријација, изготвувањето на геометарските нумерички податоци, имотните листови и историјата од Катастар, изводите од Деталниот урбанистички план а ја изврши и комплетната процедура за организација на купопродажбата на локацијата.  Новиот инвеститор доби понуда за партиципирање на Општина Струмица во изградбата на неопходната трафостаница и тоа во висина од 70% од целокупната сума на чинење. Новиот инвеститор неколку месеци имаше на располагање луѓе од општинската администрација кои беа задолжени да му асистираат околу сите поединости кои беа предмет на негов интерес – реагира струмичкиот градоначалник Зоран Заев по изјавите на вицепремиерот Веле Самак, дека Владата ја има договорено холандската инвестиција, која Заев вчера ја промовираше. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top