Моника Белучи го напушти снимањето на филмот на Емир Костурица „Љубов и војна“. Таа отпатувала дома во Франција, рано наутро. Ова е прва пауза која главната актрека ја прави по две недели напорно снимање по непристапен карпест терен во околината на Требиње, Зеленгора, Камена Гора, Мокра Гора.
Секое утро таа и Костурица со хеликоптер оделе до непроодни локации на кои кои, како што велат од продукцијата, човечка нога никогаш не стапнала. Кон средината на следната недела Моника ќе се врати за да продолжи со снимањето на филмот во кој игра жена полу Србинка полу Италијанка на чијашто свадба непријателските војници ги убиваат сите сватови, а нејзе ја спасува војникот кој го игра Костурица. Додека бегаат таа загинува на минско поле, а по нејзината смрт, војникот се замонашил. Премиерата на филмот ќе биде следниот мај во Кан.
Соработниците на филмот велат дека Моника е профеисонална и не се жалела на високите температури и силното сонце, како и на студеното време и ветерот меѓу карпите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура