| четврток, 6 декември 2018 |

Затвор за објавување гола фотографија од бившиот

facebook-1500

Ми раксина ама ќе види сега, имам гола слика од него… Ха ха, кучка, она ќе ме откачува, видеото од оралното задоволување ќе го ставам на јутјуб. Ова е честа пракса кај младите. Америка реши да се справи со овој проблем, најавувајќи дека ќе воведе казна затвор за „одмаздничка порнографија”. Првиот чекор го прави Калифорнија. Според предлог законот објавувањето на гола слика на поранешниот со цел одмазда е кривично дело. За него можете да добиете 6 месеци затвор или парична казна од 1000 долари.

Разменувањето со интимни фотографии е толку добро развиен бизнис во САД што има посебни сајтови за тоа. Најпознатиот сајт за порно одмазда е IsanyoneUp.com кој објавува како слики, така и целосни имиња на луѓето и повикување на нивните профили во социјалните мрежи. Страницата е посетена околу 300 000 пати на ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top