| четврток, 6 декември 2018 |

Почина писателот Мирко Ковач

kovac

 

Познатиот писател Мирко Ковач почина вчера во Ровињ на 75 години, јавуваат хрватските медиуми. Ковач беше еден од најплодните писатели на југословенската книжевност во втората половина на 20 век. Роден во Црна Гора, Ковач живеел во Белград, а од почетокот на 1990-тите години живеел во Ровињ, каде што ќе биде и погребан.

Ковач беше драматург по вокација, автор на многу романи, новели, збирки песни, есеи, телевизиски драми. Ги напишал и сценаријата за некои од најуспешните филмови на југословенската кинематографија, како „Лисици“, „Окупација во 26 слики“, „Падот на Италија“.

Неговите книги се преведени на многу светски јазици, а добитник е на значајни награди

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top