| четврток, 6 декември 2018 |

Партизан падна во Гевгелија, МЗТ Скопје подобар од српскиот шампион (90-81)

Македонскиот шампион МЗТ Скопје го победи српскиот првак и европски гигант Партизан со 90-81, на турнирот  во Гевгелија, синоќа.

Двете екипи играа ослабени без репрезентативците на Македонија и Србија, пред стартот на Европското првенство во Словенија.

„Металците“ сосема заслужено славеа со 90-81, против еден од најдобрите клубови на овие простори, и покрај тоа што двата тима настапија со комбинирани настапи. Поради репрезентативните обврски во тимот на МЗТ ги немаше Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Дамјан Стојановски и Александар Костовски, а и Партизан на турнирот е допатуван со подмладен тим и без неколкумина интернационалци и репрезентативци на Србија.

„Црно-белите“ во Гевгелија ќе одиграат три натпревари. Веќе денеска ги чека нов меч против Кожув, а потоа в недела ќе играат со грчки ПАОК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top