Ирец од Австралија, страствен фудбалски навивач си ги откупил правата за телевизискиот пренос на мечот Ирска –Шведска, изнервиран бидејќи нема телевизиските натпревари на ирската фудбалска репрезентација во Австралија.
Тој успеал да најде врски преку пријател кој се занимава со телевизиски преноси пред да даде понуда до германската медиумска куќа која ги имала правата за преносот.
„Рекоа дека мојата понуда е прениска, но дека е блиску бараниот пренос па го зголемив износот и тие се согласија” го пренесуваат медиумите. Сега се здружил со телевизии коишто на своите канали емитуваат коњски трки, па тие на својот канал ќе го емитуваат директниот пренос од спомнатиот фудбалски меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


