
Граничните премини во Бугарија се буквално преплавени од возила во последните 24 часа, а една од причините е големиот бран на патници од Турција кои транзитираат до Европската унија.
Според бугарските медиуми, најголем метеж имало на граничниот премин Градина на бугарско-српската граница, каде што колоната со возила била долга 50 километри и се простирала се до Софија. Патниците за влез во Србија чекале и по 10 часа. Утринава биле отворени осум ленти за влез во Србија за да се одблокира сообраќајот.
Бугарската дирекција за сообраќај апелирала да се избегне овој премин, а возилата да се насочат кој преминот Калотина и да се користат алтернативните премини Стрезимирци кај Босилеград и Вршка Чука кај Зајечар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


