| четврток, 6 декември 2018 |

Подмежакла дворана подготвена за македонската фаланга (видео)

podmezakle dvorana Jesenice

Подмежакла дворана, салата во која македонската кошарска репрезентација ќе ги игра натреварите од Европското првенство е подготвена да ја пречека македонската фаланга.

Малото погранично гратче со 21.000 жители е сместено во долината на реката Сава. Јесенице претставува атрактивно туристичко место опкружено со богата природна убавина. Во непосредна близина е Бледското Езеро и Крањска Гора, па така македонските навивачи кои ќе отпатуваат да ги бодрат нашите момчиња, ќе имаат можност да ги посетат овие места.

Во Јесенице можете да најдете повеќе ресторани лоцирани на млао растојание каде што служат традиционална словенечка кујна. Официјалниот сајт на Евробаскет 2013 високо ви ги препорачува Планина под Горицо, Ресторант Ејга, Ин Пастел, Кмечки туризем Бетел.  На главниот пат во Јасенице може да го најдете ресторанот Бистро Оаза каде што можете да уживате во најразлични специјалитети. Исто така можете да најдете  и мексикански и кинески ресторани.

Кога ќе стигнете до гратчето, ако не можете да се снајдете до салата употребете ја оваа мапа:

mapa do salata

Салата која претходно се користеше за хокеарски натпревари, сега има комплетно нов изглед по целосната реконструкција која траеше осум месеци. Подмежакла двораната има капацитет од 5.500 седишта, а се очекува голем дел од нив да ги запоседнат македонски навивачи.

Организаторите на Европското првенство веќе издадоа упатсто за навивачите кои имаат намера да ги следат натпреварите во живо, кое е пожелно да го почитуваат.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top