| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Побиена теоријата на заговор: Човекот сепак бил на Месечината

Најпознатата теорија на заговор која го мачеше човештвото, по 44 години конечно, "научно" убиена

Откако половина свет го гледаше на телевизија во живо Нил Армстронг како оди по Месечината, тоа беше прв пат човечката нога да зачекори на овој сателит на земјата, почнаа да се плете теорија, поточно заговор дека тоа никогаш не се случило.

Оние кои веруваат во оваа теорија тврдат дека познатиот чекор на Армстронг, „мал за човекот и џиновски за човештвото, е всушност направен во студио во Холивуд.

С.Џ. Колинс ја побива оваа теорија со видео во кое објаснува зошто слетување на човекот на Месечината не можеле да се фалсификат.

Тој вели дека на крајот на шеесеттите човек дефинитивно поседувал технологија за слетување на Месечината, но немал соодветна технологија за да направи видео- измама на слетување.

Во 13-минутната презентација, Колинс, како искусен режисер, на повеќе начини ja урна теоријата за лажирање и можноста дека слетувањето на Месечината било направено во студиото.

Од сите аргументи кои ги стави на располагање, Колинс праша: “нели би било полесно да се оди на Месечината?”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top