Барселона е новиот шампион на неофицијалното светско клупско првенство во Доха. Тимот на Кире Лазаров во финалето го совлада Хамбург, со резултат 27:25 (15:13). Барселона ја доби и високата парична награда во износ од 400.000 долари, додека Хамбург се задоволи само со 200.000 долари. Трета е екипата на Ел-Џаиш, која инкасира 150.000 долари. Ова е прв триумф на Барселона во Супер Глоуб.
Кирил Лазаров втор пат е светски клупски првак, откако минатата година славеше со Атлетико Мадрид.
Во тимот на Барселона дури 11 ракометари се запишаа во листата на стрелците. Томас со 5 и нашиотЛазаров со 4 гола беа најефикасни, но токму овој меч ја отслика колективната сила на оваа екипа, ширината на клупата, двата фантастични голмани, играта во одбрана. Кај Хамбург Линдберг со 7 и Дувњак со 4 гола се издвоија од останатите, а добар меч одигра и Црногорецот Марковиќ.
Резултати:
13.30: Натпревар за 7. место Универзитет Сиднеј – Ал-Сад 18 : 30 (10 : 14)
15.30: Натпревар за 5. место Таубате – Ал-Рајан 28 : 30 (12 : 17)
17.30: Натпревар за 3. место Етоил Спортиве – Ел-Џаиш 20 : 27 (8 : 13)
20.00: Финале Хамбург – Барселона 25 : 27 (13 : 15)
Пласман:
1. Барселона 400.000 долари
2. Хамбург 200.000 долари
3. Ел-Џаиш 150.000 долари
4. Етоил Спортиве
5. Ал-Рајан
6. Таубате
7. Ал-Сад
8. Универзитет Сиднеј
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


