| четврток, 6 декември 2018 |

МНР: Македонија ја поддржува работата на инспекторите на ОН во Сирија

mnr-500Република Македонија уште од почетокот на сириската криза силно ги подржуваше напорите на меѓународната заедница за ставање крај на насилството во Сирија. Во таа насока, ние ја подржуваме работата на инспекцискиот тим од ОН, чија задача е прибирање на дополнителни докази за употреба на хемиско оружје, што предизвика смрт на стотици невини цивилни лица, соопшти Министерството за надворешни работи.

Оттаму потенцираат дека Република Македонија се придружува кон меѓународната јавна осуда на ваквиот чин со кој се повредуваат основните меѓународни норми.

Таквите нарушувања не смеат да останат неказнети, стои во соопштението од МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top