| четврток, 6 декември 2018 |

Брзина на Интернет: Македонија најдобра на Балканот, а Балканот на дното во светот

testВо Виена се „сурфа“ побрзо отколку во Њујорк

Освен што е град со најдобар квалитет на живот и водечки „паметен град“, главниот град на Австрија, Виена е меѓу десетте во светот со најдобар интернет. По бројни критериуми Виена добила најдобри оценки, брзина на воспоставување врска,W-LAN, инвентивност и е-влада. Според истражувањето, во Виена има побрз интернет отколку Њујорк, на пример.

Најдобриот тек на информации во Европа изнесува 30 мегабити во секунда, а до 2020 австија сака брзината во земјата да биде 100 мегабити.

Балкан

Од друга страна, друго истражување ги смести државите од Балканот меѓу оние кои имаат најспор интернет во Европа.

Во светот, најбрз интернет се користи во Јужна Кореја, додека балканот е на дното. Поточно, на листата „најбрзи“ нема ниедна држава од Балканот, Африка и Јужна Америка.

Ако е за утеха, најбрз интернет има во Македонија со 3,3 mbps, Хрватска 3,24, Албанија 2,8, Србија 2,39 mbps, а на дното е БиХ каде сурфањето е на „бранови“ од 1,97 mbps.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top